Куманово Спа

Нов и модерен мулти-функционален објект кој располага со луксузен Rooftop Bar, затворена бања со минерална вода, ресторан сместен на тивка, пространа локација и опколен со зеленило, соби и апартмани, стручен тим од масери и физиотерапевти кои нудат секаков вид на релакс и медицинска масажа, како и спа центар изграден по најнови стандарди. Објектот се наоѓа на 3 км од центарот на Куманово.

Затворениот базен е исполнет со познатата кумановска термо-минерална вода, која е единствена по својот состав во цела Европа. Водата е погодна за лекување на заболувања на нервниот (неврози, несоници, психички и нервни исцрпености) и дигестивниот (гастрит, проблеми со бубрези, чир на дванаестпалачно црево, хронично воспаление на дебелото црево) систем, како и за лекување на гинеколошки проблеми, егземи и разни дерматити. Познато е дека оваа вода го обновува и ткивото, односно подмладува телото.

Early check-in

Free Wi-Fi

Spa Center

Eat & Drink

Free Parking

Сместување

Во објектот има 21 комфорна и пространа соба. Секоја од собите е опремена со елегантен мебел, ЛЦД ТВ, клима, wi-fi, телефон, тераси со одличен поглед и беспрекорна собна услуга. Хигиената во собите е според сите Ковид-19 стандарди и протоколи.

МЕСТО ЗА НОВИ ДОЖИВУВАЊА

ROOFTOP BAR & SPA

Доживејте комплетно задоволство во луксузен infinity базен и кафе-бар со уникатен панорамски поглед од 360° од кој ќе ви застане здивот.

ОПУШТЕТЕ ГО ТЕЛОТО И УМОТ

СПА ЦЕНТАР

Изграден по најнови стандарди, со луксузна и интимна атмосфера. Во склоп на објектот се наоѓаат затворена бања, сауна и парна бања. Имаме и стручен тим составен од масери и физиотерапевти, кој нудат секаков вид на релакс и медицинска масажа, по пристапни цени.

ЗА КОМПЛЕТНО ГАСТРОНОМСКО УЖИВАЊЕ

РЕСТОРАН

Сместен на тивка, пространа локација и опколен со зеленило. Огромен избор на свежа и квалитетна храна со мени кое ќе ги задоволи и најпребирливите вкусови  и специјалитети во вистинска смисла на зборот.