СПА ЦЕНТАР

Изграден по најнови стандарди, со луксузна и интимна атмосфера, кој вклучува врвни третмани на лице и тело, по пристапни цени, како и масажа, сауна, парна бања и џакузи.

Затворена бања

Бањата е исполнета со познатата кумановска термо-минерална вода чии лековити својства се надалеку познати. Според разни хемиски испитувања и анализи, оваа термална вода по квалитетот е на второ место во Европа, веднаш по познатите Карлови Вари. Водата е погодна за лекување на заболувања на нервниот (неврози, несоници, психички и нервни исцрпености) и дигестивниот (гастрит, проблеми со бубрези, чир на дванаестпалачно црево, хронично воспаление на дебелото црево) систем, како и за лекување на гинеколошки проблеми, егземи и разни дерматити. Познато е дека оваа вода го обновува и ткивото, односно подмладува телото. Базенот се простира на површина од 50м2, располага со најсовремен систем за филтрација и соодветни придружни елементи.

Сауна

Доживејте холистичка рекреација на телото, умот и душата. Сауната го зајакнува имунитетот, ја стимулира циркулацијата и го подобрува капацитетот на белите дробови поради ширењето на крвните садови. Дополнителен ефект е и декотсикацијата, која настанува поради брзото исцрпување на течности од организмот.

Парна Соба

Бенефитите од користење на парната соба се многубројни: подобрена циркулација, намален крвен притисок, намален стрес, ја хидрира кожата, ги олабавува зглобовите и го зајакнува имунитетниот систем.